Арт хепенинг по повод 3-ти Ноември

Во организација на Ротари клубот Прилеп и оваа година се одржа традиционалниот Арт хепенинг по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на градот Прилеп. На настанот учество зедоа триесетина ученици од основните и средните училишта во општината. Покрај ротаријанците, на настанот присуствуваа и Градоначалникот и членови на советот на Општина Прилеп. Особено сме горди на тоа што нашата ротаријанка Наде Караџоска беше наградена со највисоко признание – Диплома 3-ти Ноември на Општина Прилеп за особен придонес во библиотекарството, нејзина долгогодишна љубов и професионална преокупација, при што и упатуваме искрени честитки. Настанот ќе заврши така што ќе се доделат награди на најдобрите од страна на стручна комисија. Изработените дела ќе бидат планирани за понатамошни аукции во рамките на активностите на клубот.  

Leave A Comment