Доделување на наградите на најдобрите учесници на одржаниот Арт Хепенинг

  • Почетна
  • РОТАРИ
  • Доделување на наградите на најдобрите учесници на одржаниот Арт Хепенинг

На 13.11.2023 година, од страна на Ротари клубот Прилеп беше организиран пригоден настан за доделување на наградите на најдобрите учесници на одржаниот Арт Хепенинг. Стручна комисија ги избра најдобрите и со парични награди се здобија: 

  1. Ивана Гулабоска – I место – 6.000,00 МКД (СОУ Орде Чопела Прилеп); 
  2. Елена Абрашоска – II место – 4.000,00 МКД (СОУ Р.Р. Ричко); 
  3. Андреј Макрески (СОУ Ѓорче Петров), 
  4. Кирил Јорданоски (СОУ Р.Р. Ричко) и Марија Јовеска (СОУ Ѓорче Петров) – сите III место по 2.000,00 МКД. 

Останатите учесници и професорите добија благодарници од РК Прилеп. Настанот го отвори Претседателот Бојан Москов, кој во името на клубот изрази благодарност до сите учесници, а упати честитки и до ротаријанката Наде Караџоска за добиената 3-то Ноемвриска награда за особен придонес во библиотекарството. Сите дела остануваат во сопственост на клубот и ќе бидат наменети за продажба за добротворни цели на некој од клупските настани.

Leave A Comment