Предавање за членството на тема: “Зачувување на машкото здравје” со г-ѓа Петра Лукароска, Претседателка на Здружението за унапредување на машкото здравје Филип Лукароски и д-р Влатко Кузманоски – спец. уролог

  • Почетна
  • РОТАРИ
  • Предавање за членството на тема: “Зачувување на машкото здравје” со г-ѓа Петра Лукароска, Претседателка на Здружението за унапредување на машкото здравје Филип Лукароски и д-р Влатко Кузманоски – спец. уролог
Во организација на Ротари клубот Прилеп на ден 19.02.2024 година се одржа предавање за членството на тема: “Зачувување на машкото здравје”, кое го одржаа г-ѓа Петра Лукароска, Претседателка на Здружението за унапредување на машкото здравје Филип Лукароски и д-р Влатко Кузманоски – спец. уролог. Се дискутираше за важноста од превенирање на малигните болести на простата и тестисите кај мажите, за појавноста и третманот на болестите, како и за активностите на здружението, а во функција на зголемување на јавната свест. Беше посочено дека нивото на информираност за овие болести кај популацијата е исклучително ниско, што ако се дополни и со одбивањето од страна на мажите да се подложат на вакви прегледи, води до заклучокот дека на оваа тема треба уште многу да се работи. Во таа смисла, беше изразена благодарност на Ротари клубот Прилеп за интересот да ги поддржи ваквите активности, а особено за подготвеноста дискусијата на овие теми да ја поддржи и прошири и во рамките на Ротаракт и Интеракт клубовите. На гостите од страна на Секретарот на клубот Орде Ѓорѓиоски им беа доделени благодарници.    

Leave A Comment