РЕАЛИЗИРАНА НАЈУСПЕШНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ДОСЕГА!

На ден 21.02.2024 година во интервалот од 9:00-14:00 часот, во просториите на Ресторанот „Алтан“, успешно беше спроведена традиционалната крводарителска акција, во коорганизација на Ротари Клубот Прилеп, Лајонс Клубот Прилеп, Црвениот крст – ОО Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. На оваа крводарителска акција беа собрани рекордни 54 единици крв, од исто толку дарители, што е резултат за поздравување, имајќи ги предвид евиденциите од претходните години. Акцијата помина во најдобар ред, а ротаријанците обезбедија и соодветни пакети со производи, маички и благодарници за присутните, како и ручек во ресторанот. Со оваа традиционална акција, хуманоста се покажува на дело и се испраќа силна порака за негување на овие вредности!

Leave A Comment