About us

За

РОТАРИ

Ротари тркалото е тркало на пријателство, разбирање, на добра воља и мир во светот. На 23-ти февруари 1905 год. Во движење го стави Пол Харис- реномиран адвокат од Чикаго, заедно со неговите блиски пријатели, со формирање на првиот сервис клуб во светот.

Само за неколку години, се формираат клубови во многу места во САД и Канада.За десетина години, Ротари клубови се формираат и во многу европски градови. Со востановувањето на првите клубови во Англија и Ирска, од 1911 оваа организација е позната како Rotary international.

Брзиот, сигурен и непрекинат раст, оваа организација ја чини најголема светска услужна организација во моментов.Денес ROTARY претставува околу 1.2 милиони мажи и жени орни за помош, организирани во повеќе од 35.000 ROTARY клубови, од 169 земји во светот.

Дефиницијата за ROTARYдвижењето е настаната во 1976 год. Таа се состои од една реченица од 34 зборови: ROTARY е организација на деловни и професионални луѓе здружени во целиот свет кои обезбедуваат хуманитарна помош, поттикнуваат високи етички стандарди во сите професии и помагаат во изградба на добра воља и мир во светот.

Ротаријанците се професионални луѓе кои работат како волонтери за подобрување на квалитетот на животот насекаде во светот.Членството рефлектира широк спектар на претставници во општеството. ROTARY клубовите не се политички ниту религиозни и отворени се за соработка за сите култури, раси и вероисповеди.

ROTARY клубовите се самостојни и одредуваат проекти за помош, засновани на локалните потреби.

Пол Харис

Ротари Прилеп

За нас

РОТАРИ ПРИЛЕП

Формирањето на ROTARY клуб Прилеп е овозможено благодарение на искажаната доверба и несебична поддршка на ROTARY клубот Битола, од кој ги добивме потребните инструкции за формирање на клубот. Есента 2007 год. по иницијатива на д-р Александар Ристески и д-р Наде Караџоска (основачите на клубот), се одржа и основачко Собрание на клубот, а во почетокот на 2008 год. е регистрирано Здружение на граѓани, Ротари клуб Прилеп. По комплетирањето на потребната документација, на 15 април 2008 год. во Регистарот на ROTARY INTERNATIONAL е регистриран ROTARY KLUB PRILEP. Денот на Чартер-чествувањето е 27 јуни 2008 год.

ROTARY клубовите се самостојни и одредуваат проекти за помош, засновани на локалните потреби.

Историјат

Ротари Прилеп

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ

Контактирај те со нас за било какви информации