СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ АРТ ХЕПЕНИНГ ПО ПОВОД 3ти НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП!

  • Почетна
  • РОТАРИ
  • СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ АРТ ХЕПЕНИНГ ПО ПОВОД 3ти НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП!

Во организација на Ротари клубот Прилеп, пред платото на споменикот на Итар Пејо во старата градска чаршија во Прилеп, беше организиран традиционалниот Арт Хепенинг, на кој учество зедоа повеќе од 40 учесници од средните и основните училиште од градот, како и членови на ликовни друштва и секции.

Настанот секоја година се организира по повод Денот на ослободувањето на градот Прилеп – 3ти Ноември, а со цел да се збогати културната содржина и достојно да се одбележи овој празник на градот. Секако, целта е и да се поттикнат младите да ги изразуваат своите уметнички афинитети преку активно творење и уметничко изразување.

Овој настан Ротари клубот Прилеп го организира веќе четиринаесетина години и во таа смисла е традиционален и пробудува голем интерес кај младите уметници секоја година.

Голема благодарност за поддршката до Ротаракт клубот Прилеп, до Градоначалникот и претставниците од Општина Прилеп, како и до професорите од училиштата коишто секоја година номинираат учесници на настанот.

Leave A Comment