Како што ветивме, така и направивме 📢
Информираме дека денес ја поставивме првата информативна табла со детални податоци и генерирани QR кодови за трите целосно обележани планинарски патеки на Селечка Планина ℹ️
Информативната табла е поставена во непосредна близина на Манастирот „Св. Димитрија“ с. Селце, на почетокот на главната патека.
Важно е да се знае дека сите патеки се обележани со видливи знаци на лице место, а самата апликација е многу прецизна и сигурно ве води до точната дестинација и назад. Дополнително, на таблата ќе најдете информација и за називот на патеката и за нејзината должина.
Нашата цел е да го поттикнеме спортскиот дух и да успееме да ги вратиме луѓето во природа. Веруваме дека се’ поголем број наши сограѓани, но и луѓе од други места ќе уживаат во природните убавини 🌲 🌲 🌲
Oстанува уште да упатиме јавен апел до граѓаните да ја почитуваат природата, да не фрлаат отпадоци (да ги собираат исфрлените) и да внимаваат да не предизвикаат шумски пожари во периодот што следи!!! 🚯 🚒 🧯
Потсетуваме дека Ротари клубот Прилеп пред неколку месеци донираше дрон на ТППЕ Прилеп за следење на шумски пожари и сомнителни активности во заштитени подрачја 🤝




