Донаторска вечер во духот на хуманоста и заедништвото
Во организација на Ротари клуб Прилеп се одржа традиционалната донаторска вечер под мотото „Хуманизам преку хедонизам – оксиморон или реална можност“, настан кој ги обедини хуманоста, културата и дружбата во една благородна цел.
Во пријатниот амбиент на клуб-ресторанот „Порта“, присутните уживаа во внимателно одбрана дегустација на вина од „Тиквеш“, водена од искусен сомелиер, како и во богата гастрономска понуда. Вечерта беше исполнета со инспиративни разговори, нови познанства и искрена желба за поддршка на хуманитарните активности што ги реализира Ротари клуб Прилеп.
Настанот уште еднаш потврди дека уживањето и хуманоста можат да одат рака под рака, претворајќи ја секоја донација во чекор кон подобра и посолидарна заедница. Ротари клуб Прилеп им упатува искрена благодарност на сите гости, поддржувачи и донатори кои со своето присуство и придонес помогнаа оваа вечер да добие вистинско значење.