Хуманизмот на дело преку прекрасниот настан: „Хуманизам преку хедонизам – оксиморон или реална можност“

  • Почетна
  • РОТАРИ
  • Хуманизмот на дело преку прекрасниот настан: „Хуманизам преку хедонизам – оксиморон или реална можност“

Ротари клубот Прилеп за прв пат организираше настан по повод Меѓународниот ден на храната – 16.10.2025 година. Настанот се одржа во ресторанот „Порта“ и на истиот учествуваа околу деведесетина лица. Главен покровител на настанот беше ВВ Тиквеш, којашто обезбеди искусни професионалци и доволни количини врвни вина, за да раскажат убави приказни за комбинациите на храната и виното.

Вечерта беше зачинета и со класична музика во изведба на пијанистка, а потоа присутните уживаа во звуците на италијанската и шпанската музика.

Најзначајната работа беше тоа што овој настан имаше хуманитарна нота. На настанот беа собрани значајни средства за набавка на дрон за потребите на Територијалната противпожарна единица во градот Прилеп.

Неподелен беше впечатокот на присутните за потребата од нови вакви настани, на коишто ќе се размени добра енергија, убави зборови и ќе се помогне таму каде што е потребно.

Leave A Comment