На ден 06.10.2025 година, во организација на Ротари клубот Прилеп, за членството и пријателите, беше организирано стручно предавање за пазарите на капитал. Предавањето беше реализирано од страна на врвниот експерт во оваа област г-н Васко Богдановски, извршен директор на Опфолио инвестиции АД. На предавањето учесниците имаа извонредна можност да слушнат повеќе информации за инвестирањето во хартии од вредност и за улогата на инвестициските фондови во тој дел. Од страна на гостинот беа споделени уникатни информации со присустните, при што се разви широка дискусија на темата. Ротари клубот Прилеп ќе продолжи со исполнување на сопствената мисија, меѓу другото, да работи и на едукација и финансиска писменост, создавајќи средина од која ќе излезат лидери во општеството.