Годишна средба на претседателите на Ротари клубот Прилеп

  • Почетна
  • РОТАРИ
  • Годишна средба на претседателите на Ротари клубот Прилеп

На ден 02.10.2025 година, вечерта беше одржана годишната средба на претседателите на Ротари клубот Прилеп, на којашто присуствуваа повеќе паст (поранешни) претседатели, како и актуелниот претседател.
Оваа иницијатива започна претходната година, на предлог на сега покојниот чартер претседател д-р Александар Ристески. Таа средба беше оценета како исклучително корисна и беа истакнати заложбите за понатамошни дружења.
Во чест на д-р Ристески, претходната година беше истакната заложбата средбата да прерасне во традиционална на начин што ќе се одржува секоја наредна година, носејќи го неговото име и тоа во периодот кога трагично го загуби животот.
На средбата беше разговарано за актуелните активности на клубот, за што беше изразена широка поддршка и разбирање, а беа евоцирани и спомени за прекрасните дружења и успешно реализираните проекти во минатото. Се разбира дека ваквите средби претставуваат идеална можност да се реобнови енергијата и ентузијазмот за она што е клупска мисија, но и да се потврди дека дејствувањето во сегашноста е со длабоки корени во минатото и ќе се протега до недоглед во иднината. Сите овие средби, истовремено, не’ потсетуваат на човечкиот капитал со кој располагаме и во таа смисла, со неограничениот потенцијал да се сработи нешто добро за заедницата, за сите.

Leave A Comment