Присуство на септемвриска седница на СРКМ

Претседателството на Ротари клубот Прилеп на ден 20.09.2025 година зеде учество на седницата на Сојузот на ротари клубови на Македонија, којашто се одржа во салата за седници на Општина Кавадарци. Дискусиите беа конструктивни, а беше искористена приликата и за размена на идеи, искуства и за нови познанства.

Истиот ден, во организација на Ротари клуб Кавадарци, беше организиран хуманитарен Гроздобер, настан кој се одржува веќе петта година по ред, а со кој организаторите имаат за цел преку дружба на претставници од што повеќе клубови од државата, да се обезбедат одредени средства што понатаму ќе бидат наменети за хуманитарни цели. На Гроздоберот имаше церемонија со берење на грозје и симболично мелење на грозјето, како и дегустација на вина и вкусна храна. На настанот учество зедоа неколку ротаријанци од Ротари клубот Прилеп, како и претставник од Ротаракт клубот Прилеп.
Исто така, Ротари клубот Струмица ја искористи приликата и на Ротари клубот Прилеп му врачи благодарница за поддршката во периодот на основање и почеток со работа на клубот.

Leave A Comment