Меѓународниот ден на полио – 24 октомври 2025 година!

Вечерва достојно го одбележавме Меѓународниот ден на полио – 24 октомври 2025 година!
На наше огромно задоволство гостин беше почитуваниот д-р Горан Кузевски, спец. епидемиолог и в.д. директор на ЦЈЗ Прилеп, кој со своето инспиративно излагање пред членството и пријателите на клубот говореше за проблемот со полио вирусот и улогата на Ротари во светот за неговата ерадикација.
Претседателот на Ротари клубот Прилеп презентираше одредени податоци за тоа колку Ротари Интернешнл има вложено напори и средства максимално да се ограничи ширењето на оваа болест во светот и дека таквите напори продолжуваат и во оваа 2025 година.
Особена чест со своето присуство ни укажа и новиот градоначалник на Прилеп г-н Дејан Проданоски.

Продолжуваме да ја јакнеме свеста за потребата од имунизација и со повеќе други активности кои ќе следат! 

Leave A Comment