На 17.11.2025 година во ресторанот „Порта“ во Прилеп организиравме свеченост за доделување на наградите од „Арт Хепенингот“ 💫
Комисијата имаше навистина тешка задача да ги избере трите најдобри дела. Оваа година изборот падна на:
1 место – Симона Мишачковска (парична награда од 6.000,00 денари и диплома);
2 место – Алина Андоноска (парична награда од 4.000,00 денари и диплома);
3 место – Марија Јовеска (парична награда од 2.000,00 денари и диплома).
Изработените дела остануваат во сопственост на Ротари клубот Прилеп и ќе бидат предмет на продажба преку аукција на некој од следните настани на клубот, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели 🖼️ 🍀