Настанот секоја година се организира по повод Денот на ослободувањето на градот Прилеп – 3ти Ноември, а со цел да се збогати културната содржина и достојно да се одбележи овој празник на градот. Секако, целта е и да се поттикнат младите да ги изразуваат своите уметнички афинитети преку активно творење и уметничко изразување.
Овој настан Ротари клубот Прилеп го организира веќе четиринаесетина години и во таа смисла е традиционален и пробудува голем интерес кај младите уметници секоја година.
Голема благодарност за поддршката до Ротаракт клубот Прилеп, до Градоначалникот и претставниците од Општина Прилеп, како и до професорите од училиштата коишто секоја година номинираат учесници на настанот.