ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА РОТАРИ КЛУБОТ ПРИЛЕП СЕ СТЕКНАА СО ПОЛ ХАРИС ЗНАЧКИ

  • Почетна
  • РОТАРИ
  • ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА РОТАРИ КЛУБОТ ПРИЛЕП СЕ СТЕКНАА СО ПОЛ ХАРИС ЗНАЧКИ

Двајца членови на Ротари клубот Прилеп, од кои Чартер Претседателот д-р Александар Ристески и Секретарот на клубот за 2023/2024 година д-р Орде Ѓорѓиоски, се стекнаа со Пол Харис значки (Paul Harris Fellow).

Поседувањето на значките претставува големо признание за клубот пред сé, но и за поединците кои што се носители на ова значајно признание за посветената работа во ротаријанството и одржувањето на ротаријанските принципи и вредности.

Промоцијата се одржа на ден 4.07.2024 година, во рамките на првата годишна средба на претседателите на клубот, од неговото формирање до денес, која што се организираше на иницијатива на Чартер Претседателот, со цел да прерасне во традиционално дружење, размена на идеи и енергија.

 

На овој начин, Ротари клубот Прилеп конечно се вброи помеѓу клубовите носители на Пол Харис значки, што ја зголемува и репутацијата на самиот клуб и дава поттик на сите членови да работат посветено на зголемување на бројот на ротаријанци со вакво одликување.

Leave A Comment