Заедно за чист воздух во градинките

Ротаријанската 2025 / 2026 година ја започнавме со еден благороден проект, насловен: „Заедно за чист воздух во градинките“, во рамките на кој набавивме 21 прочистувач за воздух за опремување на две најголеми детски градинки во градот Прилеп. Вкупната вредност на реализираниот проект е околу 8.500 евра.

Според одредени релевантни мерења од инсталирани системи во државата за 2024 година, констатирани се високи концентрации на суспендирани честички како најсериозен загадувач на внатрешниот воздух во градинките и училиштата. Речиси за два пати се надминуваат утврдените нивоа од страна на СЗО, што значи дека децата во ладните месеци (повеќе од половина година и речиси цела учебна година) дишат загаден воздух и надвор и внатре. Прочистувачите за воздух имаат способност да ги елиминираат суспендираните чистички, како и да обезбедат заштита од вирусите и бактериите од амбиенталниот воздух, коишто се многу присутни во градинките особено, но и на поленот и на разните хемикалии.

            Нашата цел е да помогнеме во обезбедувањето поздрава средина за раст и развој на најмладите, кои се нашата иднина. Чистиот амбиентален воздух треба да стане стандард во градинките и училиштата!

            Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на донаторите: Екотип, Витаминка, Резонатор, Бимфуд, Кули, Пекара Маја, Јоки Комерц (Фарма Долнени), Футура, Викели, Екстра Жак, Кафе Лувр, Агроинвест, Оскар Голд, ПЗУ д-р Катерина Андрееска.

            Доделувањето на прочистувачите за воздух ќе го реализираме во текот на месец септември.

            Продолжуваме посветено за заедницата!

Leave A Comment