Ваквите собири претставуваат извонредна можност да се потсетиме на работите што сме ги направиле, но и на оние што не сме ги направиле, а треба да ги направиме во наредниот период. Од исклучителна важност беше тоа што на оваа средба се избраа претседатели за наредните пет години на Ротари клубот Прилеп, како и претседателства за наредните три години на Ротаракт клубот Прилеп.
2026год. Александар Костадиноски
2027год. Гоце Туманоски
2028год. Бети Димоска
2029год. Христијан Петрески
2030год. Борче Веселиноски
Честитки до сите
Вечерта ја заокруживме со искрени другарски желби за одлично здравје, многу насмевки, но и поводи за славење на животот и успесите