Покана на нашите кумови – Ротари клубот Битола

Вчера вечерта, на покана на нашите кумови – Ротари клубот Битола, бевме гости на нивниот клуб и одржавме заеднички состанок. Бројноста на присутните, составот, излагањата на поединците, презентираните активности и заедничките заложби за реализација на проекти од интерес на регионот, доволно говорат за висината на негувањето на ротаријанските вредности и потенцијалот со кој располагаат двата клуба
Се разделивме со ветување за уште заеднички дружења, размена на енергија и преземање конкретни чекори во интерес на сите нас и заедницата 

Ја користиме приликата уште еднаш да се заблагодариме за топлото гостопримство 

Leave A Comment