Денес (25.02.2026 година) Ротари клубот Прилеп и Лајонс клубот Прилеп, со голем успех заеднички ја реализираа традиционалната КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА 🩸 🩸 🩸 Со вкупно 62 дарители на крв, може да се каже дека оваа акција е најуспешната досега 👏 Должиме огромна благодарност до посветениот медицински тим, поддршката од Црвениот крст на Македонија, а најмногу до крводарителите коишто се појавија во толкав голем број и коишто се секогаш тука да помогнат да се спасуваат човечки животи 🎗️ ✨ 🎉 Благодарност и до спонзорите за обезбедените пригодни подароци за дарителите, како и до Ресторанот „Алтан“ во Прилеп.
Оваа акција секогаш се организира непосредно после роденденот на Ротари – 23 февруари, денот кога Ротари бил формиран во 1905 година. Имајќи го предвид фактот дека една од најважните заложби на Ротари заедницата е обезбедување медицинска грижа за сите и подобрување на здравствените услови и пристапот до медицинска помош, оваа крводарителска акција е целосно на линија со она што е и наша мисија!
Ветуваме дека ќе продолжиме со уште посилно темпо да помагаме, ова е само мал придонес кон заедницата, но истовремено претставува и апел до секој граѓанин да дарува од драгоцената течност за да помогне таму кадешто е потребно ❤️