Дали постои поубав начин од тоа полнолетството на клубот да го прославиме токму на 18-ти март, со донирање 18 екстрактори за храна (овошје и зеленчук) и 180 кгр. овошје и зеленчук за детските градинки во нашиот град

  • Почетна
  • РОТАРИ
  • Дали постои поубав начин од тоа полнолетството на клубот да го прославиме токму на 18-ти март, со донирање 18 екстрактори за храна (овошје и зеленчук) и 180 кгр. овошје и зеленчук за детските градинки во нашиот град

18 години РОТАРИ во Прилеп 🎂 🎉 🎉

Дали постои поубав начин од тоа полнолетството на клубот да го прославиме токму на 18-ти март, со донирање 18 екстрактори за храна (овошје и зеленчук) и 180 кгр. овошје и зеленчук за детските градинки во нашиот град?! 🍎 🍐 🍊

Што не’ поттикна на ваквата активност?
👉 Официјалните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Европската иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) покажуваат фрапантни податоци во поглед на нашата земја. Имено, само 25% од децата секојдневно јадат свежо овошје, што претставува најниска дневна консумација на овошје кај децата во цела Европа!!!
👉 Само 20% од децата консумираат свеж зеленчук секој ден, што е меѓу најниските нивоа во Европа!!!
👉 Дури 31% од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 13,7% од нив живеат со дебелина, што го надминува европскиот просек!!!

Нашата одговорност е да растеме и воспитуваме здрави генерации, со развиени здрави навики на исхрана и начин на живот 🧒 🪴

Ја користиме приликата да се заблагодариме за одличната организација и прием на менаџментот на ЈОУГД „Наша иднина“ Прилеп, особено на директорката Билјана Тодеска.
Ја користиме приликата посебно да се заблагодариме на општествено одговорната компанија „Футура“ од Прилеп, за донираните 180 кгр. овошје и зеленчук за најмладите.
Се заблагодаруваме и на медиумите за присуството и покривањето на настанот, во функција на јакнење на јавната свест!

Leave A Comment